Радио Милева дали и кога?

Носталгија или нова сезона на повидок? Џамбазов и Тијана ги разбудија емоциите за „Преспав“

Носталгија или нова сезона на повидок? Џамбазов и Тијана ги разбудија емоциите за „Преспав“

Звучи дури и неверно дека наскоро ќе наврши  една деценија откако за првпат започна да се прикажува македонскиот ситком „Преспав“.

Оваа серија стана омилена на македонската нација од сите возрасти, а хуморот кој преспавци го „сервираа“ од пансионот, остана врежан во сеќавањата.

Секоја година во празничниот период, па и за дочекот на Новата, актерската екипа од „Преспав“ не забавуваше преку песна и шеги, но оваа 2026-та, и тоа како недостигаа на ТВ екраните.

Изминаа две години откако „Преспав“ ја заврши седмата сезона, а кај бројната верна публика, останаа да стојат прашалниците дали и кога ќе почне снимање на нова осма сесона?!

Меѓу најновите „стори“ објави кај Тијана Дапчевиќ ала Ула и Игор Џамбазов како Миле Бузалевски, осамна објава од парче лист хартија од сценариото на една од епизодите на 7-та сезона.

Ова дополнително предизвика емоции кај Џамбазов и Тијана кои ја споделија објавата дополнета со емотикон со насолзени очи.

Дали ова беше носталгија по едно време или нова сезона на повидок, останува да видиме…

Инаку, „Преспав“ се прикажуваше во периодот од 31 октомври 2016 до 9 јануари 2024 година  во вкупно седум сезони.

фото: Instagram printscreen/pansion_prespav__

To top