Радио Милева колегиумска прослава

Познатата мисица Билјана Јанева споделила како се слави Нова Година во најапознатата скопска депонија: Околината можеби не е баш нај еко, ама затоа во Дрисла има и „од пиле млеко“! (ВИДЕО)

Познатата мисица Билјана Јанева споделила како се слави Нова Година во најапознатата скопска депонија: Околината можеби не е баш нај еко, ама затоа во Дрисла има и „од пиле млеко“! (ВИДЕО)

Нова Година е време за ноќна и пополноќна прослава, ама затоа денот е работен за за сите, освен за оние што можеле и си дозволиле, па празниците си ги споиле.   До душа некои професии се скарани со празниците, како на пример комуналците, зашто ѓубре за вакви празници најмногу се прави, па најбргу и треба да се собера.  До душа со ѓубрето оддамна сме скарани, барем бевме до скоро, па и сега не е идеална ситуацијата, иако мора да признаеме дека сепак не е исто, туку е малку поразлично од порано и тоа на многу поарно.

За да нема нов застој, комуналците се на штерк, па знаеејќи дека ќе немаат многу време за славење, решиле дел од работното време да си го претворат во интерна прослава. Можеби не сите и секаде, ама од прикажаното, очигледно така е  на местото каде најголемиот дел од скопското ѓубре се одложува – на Дрисла! А таму како што е познато, меѓу сите останати работи и една позната македонска екс мисица, Билјана Јаневска.

Токму на нејзините Инстаграм приказни осамнаа видеа и фотографии како уште преку ден се слави Нова Година во најпознатата скопска депонија.

Околината можеби не е баш нај ЕКО, ама затоа во Дрисла има и „од пиле млеко“! Кетеринг за цела армија вработени, за целиот колегиум или, колектив, сакала да каже мисицата, во она што го напишала,  па споделила што споделила, брзајќи јадењето да не се олади!

Похована даска, канапеи, ордевери, кифлички, ќебапи, плескавици, пилешки прсти… Ма нема што нема, масата ептен  ја личи,  да излижеш прсти!

Така што кога по новогодишната ноќ ќе ви текне на ѓубрето, нема смисла да имате погрешна претстава и лоша мисла, туку само сетете се како дента во очи на Нова Година, ресторански изгледаше Ј.П. Депонија Дрисла!

Епа, наздравје и Среќна Нова Година од целиот колегиум на најпознатата скопска депонија!

Фото и видео: Инстаграм/biljana_janevska

 

To top