Радио Милева атак на тронот...

Марија Луиса доби жестока конкуренција: Љупка Арсовска е на добар пат „да и ја симне круната“ на „бакшиш кралицата“? (ВИДЕО)

Марија Луиса доби жестока конкуренција: Љупка Арсовска е на добар пат „да и ја симне круната“ на „бакшиш кралицата“? (ВИДЕО)

Марија Луиса Тодоровска досега важеше за македонска фолк кралица на бакшишот, зашто речиси после секоја свирка, се вражаше дома со „вреќа пари“ кои задоволните гости и ги оставаа, става, лепеа… кој како на битолската пејачка!

Неретко на социјалните мрежи и написите по порталите осамнуваа фотографии во кои секапилната Марија не можеше да го додржи микрофонот, од што  рацете и беа преполни со банкноти денари и девизи, најчесто евра или долари!  Не случајно некои велеа дека Марија Луиса отсега треба да пее со т.н. „пилотка“, зашто  рацете и се секогаш презафатени па нема како да го држи… микрофонот!

 

„Фолк кралицата на бакшишот“ и понатаму продолжува одлично да им  го прави ќеифот на гостите, штом и тие и понатаму ја китат со банкноти, но како и во секое кралство и во ова нашето естрадно, се појавуваат нови деца. Нови претенденти на тронот, кои полека покажуваат дека се на добар пат „да и ја симнат круната“  на „бакшиш кралицата“.

Имено една од македонските учеснички која со својата појава во „Ѕвездите на Гранд“ и „IDJShow“ бргу го сврте на себе вниманието на јавноста беше и младата македонска пејачка Љупка Арсовска.

Оттогаш и тргна со настапите по ноќните локали, клубови и дискотеки, каде Љупка со својот вокално-танцувачки секси перформанс умее да ги фрли гостите во транс. Особено е смела во танцувањето, па најчесто машката клиентела никако не го симнува погледот за време на целиот настап, на кој покрај забавата и вокалниот потенцијал Љупка умее визуелно да го сподели со нив сиот телесен раскош што Бог и го дал!

Така беше досега секаде каде што гостувала низ цела Македонија и понешто во соседна Србија, но овој пат атрактивната Љупка имаше прилика да го покаже сиот свој естрадно-телесен  раскош малку подалеку.

Хрватската престолнина Загреб беше локацијата каде Љупка Арсовска за прв пат настапи во еден градски локал каде имаше прилика да го покаже сиот свој естрадно – телесен потенцијал. Споделеното видео покажаува дека нејзиното пејачко деби гостување во Хрватска, било успешно „до даска!“

На клипот убаво се гледа секаспилната неготинка распеана, разиграна, насмеана и ведра, додека окулу неа летаат банкноти евра! Впрочем бакшишот најдобро говори дека да можело, Љупка би пеела до зори!

Но и вака, повеќе од од очигледно се добива јасна перцепција дека Марија Луиса добива жестока конкуренција. Љупка Арсовска е на добар пат „да и ја симне круната“ на „бакшиш кралицата“?

Фото: Инстаграм/luisa.todorovska//arsovskaljupka

 

 

To top