Пејачката и докторка дерматолог Симона Поповска предновогодишно отпатува во Виена, и оттаму се огласи на социјалната мрежа Инстаграм.
Таа во живо ја почувствува празничната идила на едно од најпознатите божиќни места, па од магичната атмосфера сподели и пред нејзините следбеници.
– Не само момент. Сегашност. Виена.

Впечатливо од новогодишните украси беше црвената машна пред која таа се фотографирала, но и останатите декорации не останаа помалку забележани од нејзиниот апарат.

Декорациите кои ги сними привлекоа внимание, а главниот град на Австрија покажа дека личи како сцена од божиќен филм.
– Доаѓа Божиќ – потсети Симона, во описот кој го остави покрај најновите фотографии кои ги објави.
View this post on Instagram
Симона зимската идила ја надополни со нејзиното присувство, а градот стана уште поубав додека таа шеташе низ центарот покажувајќи ја празничната идила.
Foto: print screen/Instagram/simonapopovskaofficial






