Почестете се себеси и вашите најблиски, во овој посебен период, со овој многу едноставен но вкусен куглоф.
Состојки:
150 грама интегрално брашно
80 грама густин
50 грама мелени бадеми
1 прашок за пециво
150 грама шеќер
1 ванилин шеќер
3 јајца
180 мл млеко
150 грама путер
80 грама суво грозје
Подготовка:
Измешајте го брашното и густинот, додадете ги мелените бадеми, прашокот за пециво, шеќерот и ванилата. Добро измешајте ги јајцата, млекото и стопениот путер и додадете ги во смесата од брашно. Додадете го сувото грозје во смесата и истурете ја во намастен калап за куглоф. Печете 40-45 минути (во зависност од обликот на калапот) во рерна претходно загреана на 180 °C.
Извадете го печениот колач од калапот и оставете го да се олади. Посипете го куглофот со шеќер во прав, а можете и да го премачкате со чоколадна или бела глазура направена од шеќер во прав и сок од лимон.
Уживајте!!
Foto: Freepik
Izvor: Kurir







