Пејачките Нада Топчагиќ и Лепа Лукиќ се расправаа за „Рамштајн“ бидејќи кралицата на народната музика не слушнала за германската група.
Нада Топчагиќ ја насмеа нацијата кога се појави видео на кое се гледа како таа го слуша „Рамштајн“ со пиво. Пејачката, додека гостуваше во една емисија, се пофали дека видеото има над 100.000 прегледи.

– Еве, тоа видео на Рамштајн надмина 100.000 прегледи – рече Нада.
Лепа Лукиќ ја погледна изненадено и призна дека не знае кој е Рамштајн:
– Кој е тоа, како се вика… Не знам кој е. Знам кој е, името ме потсетува на скара.
На ова, Топчагиќ одговори:
– Па је****, како не си слушнала? Рамштајн. Германски бенд. Тие се познати, беа во Белград пред три години. Тогаш беше хаос, цела Европа беше таму. Лепа, не знам дали си ти нормална!
Музичките ѕвезди не криеја дека секогаш биле искрени и отворени една со друга. Лепа Лукиќ се присети на анегдота од снимањето на новогодишна емисија:

– Направивме емисија за Нова Година. Носеше обетки кои изгледаа како украси што се закачуваат на елки. Долго време сме колеги и се познаваме, и не штедам зборови кога разговарам со неа. Ѝ реков: „Надо, со тие обетки изгледаш како елка“. А таа вели: „Кога не изгледав како елка, не ме покануваа никаде, а сега имам работа насекаде“ – изјави Лепа за Курир ТВ.
Foto: printscreen/topcagicnada/Kurir tv







