Радио Милева старо-нова приказна

Катарина Ивановска никогаш не е „соло“ дури кога така изгледа: Саканиот првин го криеше, а сега јавно го „прошета“ (фото)

Катарина Ивановска никогаш не е „соло“ дури кога така изгледа: Саканиот првин го криеше, а сега  јавно го „прошета“  (фото)

Убавото македонско девојче Катарина Ивановска никогаш не остава да и биде монотоно на љубовен план. Судејќи од досегашната пракса, познатата манекенка не преферира да биде „соло“, а откако ќе заврши една љубовна приказна, одлесно и оди да најде нов партнер и да влезе во нова љубовна шема.

По крајот на заедницата со таткото на нејзините две деца, Цобе, Катарина беше во врска со Перо Антиќ, а додека и ја обзнани на јавноста, се вртеа само чаршиски муабети и шпекулации дека тие се заедно.

Тоа беше така се додека не решија да се појават јавно пред камери и да им покажат на сите дека муабетите кои се вртат за нив се вистински.

Сепак, нивната роамнса не траеше долго, а  раскинување во медиумите се развлече како во турска серија.  Бидејќи Катарина никогаш не осатава да и биде досадно кога е во прашање посилната половина до неа, не чекаше да помина доста време за да и даде нова шанса на љубовта, па заедно со другарката Тамара им се погоди заедно и во ист период да се шетаат со нови момци за рака.

Тогаш, кон крајот на минатата година Катарина стана пар со сегашниот партнер, Стефан Ханџиски.

Нивните блиски пријатели, а најмногу пејачката Тамара Тодевска и нејзиниот сакан Лука, точно знаеја за љубовниот жар и новата романса меѓу Кате и Стефан, но за јавноста ова остана тајна,  се досега.

Најпосле Катарина Ивановска реши да покаже пред сите дека има ново момче, кое всушност и не е ново, туку последно…

Стефан Ханџиски не е јавна личност, а се занимава со менаџмент во познат холдинг во Скопје каде е управител.

Дека на љубовно поле им цветаат ружи открија преку неколку заеднички фотографии од празнчното патување во Италија каде беа заедно со децата на манекенката.

Катарина го наполни својот Инстаграм профил со нови љубовни фотографии од велигденската авантура, а за повеќето ова беше изненадување, особено за медиумите кои го претставија како новото момче на Ивановска кое всушност е во нејзиниот живот извесен период.

Сега со ваква јавна потврда тие дадоа материјал за работа кај таблоидите, а и повод за нови чаршиски муабети.

Приказната како старо- нова очигледно дека е успешна и дека трае, а до каде и колку, останува на взаемната хемија…

Нека е за убаво!

фото:Instagram printscreen/ ivanovska_katarina/ radovic _luka/ tamaratodevska

To top