Радио Милева приказна за паметење

Марија Шерифовиќ доживеала незгода на Бали, ја гризнал мајмун

Марија Шерифовиќ доживеала незгода на Бали, ја гризнал мајмун

Марија Шерифовиќ т ги израдува своите обожаватели со нов влог што го објави од егзотичниот Бали, каде што таа и нејзините пријатели беа на заслужен одмор.

Меѓу нив беше и нејзината пријателка и колешка Јована Пајиќ, со која Марија уживаше во разни авантури.

Во влогот, пејачката сподели бројни интересни и забавни моменти, покажа како го поминувале времето, посетувале знаменитости и уживале во опуштената атмосфера. Сепак, едно искуство особено ги изненади сите.

Имено, кога Марија собра храброст да се фотографира со мајмунот, се случи неочекувана ситуација – мајмунот ја касна.

– Ме касна мајмун, среќа е што е стар, а забите му се тапи – рече Марија.

Иако непријатен, овој настан не ѝ го расипа одморот, а Марија уште еднаш покажа дека може да ги претвори дури и непланираните ситуации во шега и добра приказна за паметење.

фото:You tube printscreen

 

To top