Радио Милева само весело

Скопје како Каиро: Танчар со егзотичниот ориенталн танц и го украде бакшишот на Марија Луиса (ВИДЕО)

Скопје како Каиро: Танчар со егзотичниот ориенталн танц и го украде бакшишот на Марија Луиса (ВИДЕО)

Ориенталниот танц е најженствениот и најстариот танц на сите времиња, потекнува од Египет и е единствениот танц во светот кој има илјадници предности.

Ама, во сите правила постојат исклучоци, па иако овој егзотичен танц важи за најженствениот, истиот во поретки случаи е изведен и од мажи.

Токму еден таков преседан се случи во една скопска кафеана каде предновогодишната атмосфера ја подгреа разголениот танчар кој со своите вешти танчарски потези  мешајќи со колковите го собра бакшишот од присутните.

Каиро отсекогаш бил Мека на ориенталниот танц, а за овој празничен новогодишен период и скопските кафеани почнаа да бидат налик ориентот и традиционално да ангажираат танчарки, па и танчари.

Овој настап беше и повеќе од жешка увертира на настапот на познатата битолчанка Марија Луиса Тодоровска, која со својата камера го сними својот колега на вечерта кој им ги подиспразни џебовите на гостите уште пред таа да почне да пее.

Сепак, присутните гости веројатно добро упатени во агендата на вечерта, знаеја дека доаѓаат на настп кај „кралицата на бакшишот“, па си оставија доволно во паричниците  за кога ќе бидат „погодени“ од песните на Луиса, да не останат со празни раце пред неа.

Позната по својата духовитост, Марија Луиса секогаш има свое автентично резиме на нештата, па веруваме дека од оваа вечер наскоро ќе има нешто интересно да сподели на социјалните мрежи, а ако не од оваа ноќ, сигурно од наредните настапи со кои преиодов е пребукирана.

фото:Instagram printscreen/luisa.todorovska

To top