Мегафон тажна вест

Почина македонскиот филмски и театарски актер Лазе Манасков

Почина македонскиот филмски и театарски актер Лазе Манасков

Денес, сабота (20. Декември) на 67 годишна возраст почина филмскиот,театарски и телевизиски актер Лазе Манасков.

Колегите од неговиот матичен Драмски тетар преку Фејсбук страницата  се простија од својот долгогодишен колега.

-Со длабоко жалење ве известуваме дека нашиот актер и долгогодишен колега Лазе Манасков почина денес.
Вечерашната изведба на претставата „Куршуми над Бродвеј” ќе биде изведена во негова чест!
Нека му е вечна слава!- стои во објавата на Фејсбук страницата на Драмски театар Скопје.
Нека му е вечна слава!

Манасков има остварено бројни филмски улоги меѓу кои: „Трст виа Скопје“, „Погрешно време“, „Сенки“, Тврдокорни“, “Кајмак“, „Фамилија Марковски“ и други…

Од телевиските пак, тој одигра и многу улоги од „Македонски народни приказни“.

Во неговото богоато театарско искуство се вбројуваат голем број на претстави кои биле на репертоарот на Драмски театар Скопје.

Својата театарска кариера ја затвори со претставата „Така зборуваше Гертруда“ која последно  ја играше на сцена во 2022 година.

Лазе Манасковски е роден на 27 март 1958. Дипломирал на Факултетот за драмски уметности при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје. Во 1983 година, тој се вработил како глумец во Драмски театар – Скопје и работи сѐ до неговото пензионирање во 2022 година. Неговиот син Иван Манасковски е режисер и Симон Манасковски глумец.

фото:You tube printscreen/ Mакедонски Народни Приказни

To top