Радио Милева тенка како манекенка

Додека љубопитните се прашуваат кој е среќниот татко на нејзината ќеркичка, Елена Јовческа се појави во емисија, па одново ја шокираше јавноста!

Додека љубопитните се прашуваат кој е среќниот татко на нејзината ќеркичка, Елена Јовческа се појави во емисија, па одново ја шокираше јавноста!

Македонската фолк пејачка Елена Јовческа е редок пример на мултитаскинг жена. Една од ретките фолкерки со факултетска диплома, а веројатно и единствената пејачка која свири гајда во Македонија.

Сопственичка е на салон за  убавина, па дури и една од малкуте која  и во Ковид пандемијата и времето на карантинот, кога настапите беа забранети, работеше друга работа која е тотално надвор од естрадната професија и тоа во фирма што произведува ПВЦ врати и прозорци.

Но, со она последното тотално ја изненади јавноста кога од „нигде никаде“  долго криејќи ја бременоста од јавноста, обзнани дека се породила и на свет ја донела малата принцеза, која го доби името Талија.

Уште пошокантна беше објавата дека младата родилка речиси уште не ни научила како се повива бебето, а веќе ја објавила предновогодишната агенда за настапи, зашто според Елена работата не смее да трпи заради ништо, па ни заради првата принова.

Единственото што не го обзнани е кој е среќаниот татко на малечката Талија, ама тое е веќе лична и длабоко интимна работа.

Она што е уште повеќе зачудувачки, е како македонската фолкерка изгледа по породувањето. Зашто Елена Јовческа откако се појави на една ТВ емисија,  покажа дека изгледа како воопшто и да не се породила. Пејачката без стомак, со тело – вретено и става тенка, како манекенка!

 

Во црн, долг, свечен фустан заедно со колегите Елена  го снимаше новогодишното издание на емисијата „Везилка“ на ТВ Алфа.

Никогаш поубава и позаводлива, атрактивната фолкерка блескаше во новогодишното издание, како секси мама…

Така уште со првата ТВ појава Елена Јовческа покажа дека за рекордно време се вратила во топ форма… Како „вчера“ да не родила!

 

Фото: Инстаграм/jovceskaelena

 

 

 

 

To top