Нема сомнеж дека новогодишната елка и декорација будат убави чувства и позитувна енергија.
Многумина сакаат да украсат со новогодишната декорација порано, уште од месец ноември, а исто така и сакаат да ја тргнат што подоцна, по завршувањето на Стара Нова.
Па така, веќе од крајот на ноември, социјалните мрежи почнаа да се полнат со видеа и фотографии од новогодишни елки од украсените домови, а рафтовите на продавниците се полни со празнични декорации.

Некој со повисока, некои со помала елка, бела или зелена, природна или вештачка, сеедно, вежно е дека ја носат радоста и кај помладите и кај повозрасните.
Целокупната предновогодишна атмосфера и амбиент потсетуваат на една голема волшебна бајка, така е кај сите, или барем треба да биде, па и кај познатите и популарни личности и естрадните ѕвезди.

Лампион по лампион и разни украси, Даниел Кајмакоски и сопругата Марина веќе ја создоа својата домашна новогодишна магија која полни очи.

Оваа година мама Марина има уште две рачиња за помош и од малата Емилија, па заедно и со синчето Стефан имаа момент кој засекогаш останува во спомните.

Дека е особвено радост за децата, но и за возрасните, таа напиша во описот на видеото кое се најде на нејзинот Инстаграм.
Празничната магија може да почне, а Кајмаковци се први.
Нека трепка за убаво!
фото: Instagram printscreen/marina_kajmakoska







