Мегафон 25 ГОДИНИ КАРИЕРА

Ана и Игор Дурловски со новогодишен концерт на 17-ти декември во МОБ

Ана и Игор Дурловски со новогодишен концерт на 17-ти декември во МОБ

На 17 декември од 20 часот, во Македонската опера и балет (МОБ) новогодишен концерт ќе одржат оперските пејачи Ана и Игор Дурловски, со кој ќе прослават 25 години кариера.

„Концертот, во едно поинакво руво, ќе ги донесе едни од најубавите љубовни песни од македонската музичка традиција“, велат тие.

Автор на сите аранжмани е композиторот Сони Петровски.

Билетите се продаваат преку мрежата на Мк тикетс.

To top