Живот и стил

Слатко од тиква – вкусно задоволство за целото семејство

Слатко од тиква – вкусно задоволство за целото семејство

Толку крцкаво и толку меко одвнатре!

Состојки:

3 кг тиква (исчистена и исецкана)
6 дл вода и варова вода
3 кг шеќер
2 лимони
суво грозје
ореви

Подготовка:

Излупете ја тиквата, исечете ја на коцки и ставете ја во варова вода да отстои околу 2 часа. Извадете ја и добро измијте ја неколку пати со топла вода, оставете ја да се исцеди . Во голем сад ставете шеќер и вода да зоврие. Кога шеќерот ќе се растопи, полека додадете ја тиквата, без многу мешање, да се готви. Потоа додадете суво грозје, ореви и парчиња лимон. (гответе околу час и половина). Кога слаткото ќе биде готово, покријте го со влажна крпа додека не се олади. Наполнете ги теглите и цврсто затворете ги.

Ова слатко е најдобро, горната страна е крцкава, а внатрешноста е мека и совршена.

извор:Курир
фото:Freepik

To top