Македонката Елена Миленковска и Србинот Гуте Маринковиќ се запознаа на регионалното музичко талент шоу „Ѕвездите на Гранд“. Љубовта се роди, пламна, па резултираше со врска и брак…
Набргу дојде и круната… Една, па друга, двете дечиња, двете мали ангелчиња, Максим и нешто подоцна Миона.

Сега кога тие малку потпораснаа, Елена има повеќе време да се посвети и комплетно врати на професијата – пеењето, зашто додека Гуте заработуваше за семејството таа мораше да се грижи за дечињата. Откако и се врати на работата, како логично надополнување дојдоа и промените за мама.

Елена очигледно дека успешно се справува во сите обврски, а кога си предан максимално и посветено на се’ тоа троши енергија, калории, а кај младата пејачка и тоа како се гледа од промената на изгледот и килограмите во минус.
Бујните и раскошни облини по кои беше препознатлива, денес ги нема, односно ги има само од старите ретро снимки и фотографии.

Сега доста поразлична, налик манекенка која речиси е како друга. Со друг конфекциски број и пропорции како воопшто да не редила, од бременостите ни траг.

Елена изгледа, но и звучи одлично кога е во склад и музичко брачна храмонија со сопругот, а тоа го видовме од нивниот дует од првата заедничка песна „Дно“ која ја објавија пред една година, а веруваме дека многу наскор ќе слушнеме нешто ново од овој совршен тандем.
фото:Instagram printscreen/elenamilenkovskaa




