Радио Милева исклучително тешко

Ригорозната исхрана ѝ го уништи здравјето – Пејачката призна: „Се онесвестував“

Ригорозната исхрана ѝ го уништи здравјето – Пејачката призна: „Се онесвестував“

Сандра Решиќ призна дека нејзиното здравје било во опасност поради ригорозната диета и дека често ја губела свеста.

Сандра Решиќ во Амиџи шоу се присети на период кога успеала да ослабе дури 44 килограми.

– Бев на строга диета и, кога почнав со автофагија, ми беше исклучително тешко. Дури и во текот на тие шест часа, кога ми беше дозволено да јадам, внесував многу малку храна. Поради ова, често се онесвестував, но моето тело брзо се навикна на тоа. Успеав да ослабам 44 килограми, на што сум исклучително горда – рече Сандра Решиќ и откри уште еден рецепт за совршена фигура.

– Секој што сака да ослабе, барем за еден ден, треба да влезе во реално шоу! Тоа е најдобрата диета, бидејќи сè се сведува на ориз, салата и мусли. Понекогаш добивавме само малку месо.

фото: printscreen/instgaram

To top