Радио Милева во ритам низ истанбул

Романтикa по Босфор: Мими и Филип Нуне преку љубовни патувања до повеќе инспирација и брачна хармонија

Романтикa по Босфор: Мими и Филип Нуне преку љубовни патувања до повеќе инспирација и брачна хармонија

Македонската „Гранд“ ѕвезда Мими Јовановска и сопругот Филип Нуне, овој октомври решија на неколку дена да здивнат од работа и да се препуштат на релаксација и уживање во Истанбул.

Изминатото лето браќата Нуневци со бендот во кој е и Мими имаа доста ангажмани, одобно на приватни свадбени прослави, па времето за одмор беше резервирано за некој период кога ќе бидат полабави или барем добро организирани за работата да не трпи на сметка  на било што друго.

Па така, деновиве сопружниците ја најдоа вистинската прилика за тоа да бидат сами и да се препуштат на романтика по Босфорот, да црпат инспирација за следните музички проекти, но и да баленсираат со семејната брачна хармонија, особено откако станаа родители на малиот Никола.

Мими перфектно стилизирана и во моден колорен скад со сопругот, направија неколку кадри за на социјалните мрежи покажувајќи како го минуваат врмето во убавиот Истанбул.

За потсетување, Мими освен заедно со браќата Нуне, има и своја соло кариера, а пследно ја објави песната „Замини“ чија музика ја потпишува нејзиниот сопруг.

Мими и Филип Нуне се и горди родители на наследникот Никола кој во месец мај наполни две години.

фото: Facebook/ Mimi Jovanovska

To top