Лила постојано изненадува со своите неверојатни модни изрази, од свечени и деловни до најопуштени, дури и оние погодни за плажа. Сега на својот Инстаграм објави фотографии од одморот во Копакабана.
Таа истакна дека има чувство како постојано да се наоѓа на друго место, море каде и да се свртиш, а секој здив мириса на слобода.

Лила сега во својата објава покажа како ужива вклучувајќи и издание од плажата во костими за капење, но едно издание го привлече вниманието на сите.
Тоа е црвениот едноделен костим за капење кој е со класичен дизајн. Скроен да одговара на телото, а преку неговата уникатност која таа знае да ја покаже го истакна и нејзиното згодно тело.
View this post on Instagram
„Лепота од човек“, „Гориш Лила Браво“, „Лепота“, како и многу срциња беа дел од комплиментите под објавата кои ги доби од нејзините обожаватели.

Инаку, на Лила Филиповска, најпопуларната водителка и инфлуенсерка од уживање и патување никогаш не и е доста, па може постојано да биде на патување.
Таа неодамна за 54 – от роденден се чести со октомвриско истражување и доживување во егзотичниот Бразил од каде пред неколку дена славеничката прати поздрав уште меѓу облаците, преку социјалните мрежи, односно од летот до Истанбул па до финалната дестинација.

Foto: print screen/Instagram/lilafilipovska




