Фолк пејачката Сузана Гавазова го зграби микрофонот на свадба и веднаш го освои вниманието на гостите, кои ја обсипаа со голем бакшиш.
Додека Сузе ги пееше популарните хитови, рацете буквално и беа полни со пари, кои едвај можеше да ги држи.

На Инстаграм, таа сподели неколку видеа од прославата каде што атмосферата беше весела и на завидно ниво.
Гавазова уште еднаш потврди дека е вистинска дива на естрадата со својот примамлив изглед, со кој креира идеална атмосфера, и го заслужува секој бакшиш што го добива.
Покрај своите вокални способности, пејачката плени и со својот изглед, што сигурно влијаеше како вистински магнет за паричниците на гостите. Парите буквално летаа на сите страни, а таа со својата енергија и настап им го направи меракот на сите присутни, дополнително полнејќи ги своите џебови.
View this post on Instagram
За оваа пригода беше облечена во тесна светкава тоалета со голем шлиц, која ги нагласуваше сите нејзини облини. Во видео објавите сподели и целосен преглед на својот аутфит, со кој го привлече вниманието на сите присутни на свадбата.
Се чини дека оваа вечер ќе се памети уште долго, а пејачката ќе ги крене стандардите за следните прослави.
Foto: print Screen/Instagram/suzanagavazova







