Радио Милева венеција, малта, сао паоло...

Лила годинава за роденден се почести со најмоќниот лек за душа, иако почетокот не беше лесен

Лила годинава за роденден се почести со најмоќниот лек за душа, иако почетокот не беше лесен

Лила Филиповска неодамна започна со снимања 15-тата сезона на гејм-шоуто „Се или нешто“, но откако се реализираа неколку емисии, па и такви кои стојат како готови, на Лила за брзо и стана доста од работа.

Месец октомври е нејзин месец, па ако пред две година за роденденот беше во Венеција, лани се реши за патување во Малта, годинава изборот падна на Сао Паоло – Бразил.

На најпопуларната водителка и инфлуенсерка од уживање и патување никогаш доста, па на свои 54 години апсолутно знае што сака и што и прави мерак, а тоа е ако може постојано да биде на патување и во истражувачка акција.

Секогаш со предизвик пред себе, нова дестинација и желба за уживање и релаксација.

Овој пат за роденден се чести со октомвриско истражување и доживување во егзотичниот Бразил  од каде славеничката прати поздрав преку социјалните мрежи, односно од летот до Исстанбул до финалната дестинација.

Патувањето траело цели 13 часа кои веројатно не се лесни, арно ама Лила во прва класа има третман на кралица.

Таму веќе ја чека идеална температура што за Лила и повеќе од доволно за совршенство. А за се’ она што допрва ќе покаже оттаму, затоа потоа…

А како пто веели таа, ако ја прашаат која е најважната книга која и го промени животот, ќе каже едно: „мојот пасош“.

Среќен роденден Лила за уште многу патувања!

фото:instagram printscreen/lilafilipovska

To top