Кога некој ќе почине, не постојат зборови на утеха… Особено кога тој некој е познат, јавна личност, популарен лик… А најмногу од се’ боли кога е во прашање млад човек кому не му е време за заминување од овој свет… Но, тоа е животот, таква е судбината… Понекогаш сурова, груба, неправедна… Таа кобна 16-мартовска ноќ во клубот „Пулс“ во Кочани која се претвори во трагедија, катастрофа од невидени размери ја однесе и 64-тата жртва. Тој беше еден од малкумината преживеани од групата чиј концертен настап и буквално се претвори во жив пекол. За групата ДНК, мноштвото згаснати млади животи, нивните семејства, тешко повредените… За цело Кочани, за сите нас, за Цела Македонија.

Денес ( вторник, 14 октомври 2025), 7 месеци по несреќата, последиците од пламените јазици во Кочани однесоа уште една жртва, го однесоа и него. По долготрајно лекување и надежи дека ќе се спаси, почина и вториот член од дуото ДНК. По Андреј и Панчо… Заедно со Сара, Филип, Андреј -бас, Ѓорѓи, Игор – Жути, Буцо“, фотографот Александар… и сите останати жртви!

Колку шпто беше шокот голем следното утро по пожарот во „Пулс“, толку е некако неочекувано заминувањето на Панчо. Информациите за неговата здравствена состојба беа многу оскудни, но се зборуваше дека е подобар, дека се опоравува и од физичките рани и од психичките трауми, дека ќе закрепне, наскоро ќе излезе од приватната клиника каде се лекуваше, но наеднаш… Нов шок и молк! Нова стега во грлото и градите, нови солзи во очите, нова изгубена надеж во мислите… Нова празнина и болка!
Утринава околу 10.00 часот почина Панчо. Ја изгуби битката со животот, а Македонија загуби уште една музичка легенда. Уште еден харизматичен лик, кој со својот компањон Андреј и музичката екипа нижеше хитови, создаваше музика, полнеше клубови, собираше многуилјадна публика, ја распродаде дури и најголемата сала во земјава… Тоа беа тој, Панчо и Андреј, тоа беа ДНК. Сакани и обожавани, особено од младата популација, во кој ја вткајаа музичката ДНК на една цела, па и неколку генерации. Оставија песни што ќе останат, ќе се пејат со децении, ќе потсетуваат на едно време, години, децении во кои се создаваа едни од најпознатите македонски мегахитови. За жал, ќе останат само делата и спомените, песните и спотовите…
И додека нацијата со заминувањето на Панчо повторно е во афтершок по Кочани, неговите колеги, блиски пријатели, познати лица, јавни личности, естрадни новинар(к)и и водител(к)и… преку своите профили на социјалните мрежи се простуваат од ним драгиот Панчо или ДЈ Шорти, како што му беа уметничките прекари на Владимир Блажев.
Писателката и инфлуенсерка Ксенија Николова…

Црногорскиот пејач Бојан Маровиќ…

Младиот македонски пејач Огнен Здравковски…

ТВ водителката Здравкица Милиќ…

Јутјуберот и поткастер, Стефан Лазаров…

Пејачот Роберт Вукелиќ…

Младиот композитор Филип Неделковски…

Пејачката Нина Јанева…

Пејачот и инфлуенсер Марио Арангеловски…

Моделот и мисица, Билјана Јаневска…

Даниел Апостолоски – актуелниот директор на арената Јане Сандански, која ДНК беа едни од ретките македонски групи што ја наполнија…

Македонската новинарка Маја Крстиќ…

Новинарката и публицист Соња Алексоска Неделковска…

Нашата колешка, новинарката Слободанка (Марковачева) Илиева…

Уредничката на „Бекстејџ“, новинарка и ТВ водителка Ева Јакимовска…

Списокот е бесконечен… Како што е бесконечна тагата, празнината и болката која останува зад неговото заминување, како и на сите оние што пред него заминаа во вечноста по трагедијата во Кочани.

Ангелите нека ти го осветлат патот… Почивај во мир Панчо.
Фото: Социјални мрежи





