Македонскат (т)рап пејачка Дијана Дурлевиќ попозната како Дијана Оу Џи по повеќе месечниот затвор и „амнестијата“ од домашниот притвор слободата максимално ја користи.
До душа со алка на ногата или таканаречена „наногица“ за контрола на дозволеното движење, оваа русокоса убавица тргна да се украси со уште една, нова тетоважа.

Не дека не е е доволно „исшарана“ по цело тело, но сепак, тетовирањето и е очигледно „пасија“ па она што е на неа досега испишано сега ќе биде збогатено со уште еден украс.

Ако десната страна, конктертно десната рака и десната нога, како и големата овална задница на скопската убавица досега беа поле на уметничка тату креација, сега Дијана реши за прв пат да го украси и грбот.

Изборот на новата тетоважа – голем кинески змеј… Можеби затоа што многумина можат само да и гледаат во грбот, па кога веќе е така да видат дека пред себе имаат жена змеј?! Колку да знаат со кого имаат работа, за да не биде потоа дека не сме знаеле. А она што овој пат женскиот тату мајстор го знаеше е да го отелотвори ликот на големиот змеј, онака веродостојно, точно и прецизно без маана на грбот на Дијана.

Како и самата (т)раперка и изведбата на оваа „боди арт“ уметност беше специфична, зашто македонската пејачка покажа како изгледа топлес тетоважа! Дијана Оу Џи позираше со голи гради додека и го цртаа змејот одзади!

До душа, не ја видовме целокупната визура на градната структура на пејачката, зашто цицлестата Дијана ја прекрила со цензура, ама сепак…

И додека некои ја анализираа убавината на змејот огледана во уметноста на тату мајсторот на грбот на Дијана на левата плешка, „влажните погледи“ се вперени малку подолу отстрана, каде нешто многу повозбудливо се смешка!
Фото: Инстаграм/ dijana.fiesta/iamdijana.og




