Македонската пејачка Сара Мејс честопати истакнува во јавноста колку е задоволна од работата и колку е исполнета. Таа редовно се огласува на Инстаграм и знае како да им го привлече вниманието на следбениците, па дури и да ги насмее, како овој пат.
На кратката приказна, пред многубројните фанови таа и сега сподели интересни видеа и покажа како се забавувала пред камерата.
Имено Сара се сними додека „измислува уметност“ и тоа не додека свири на Харфата или пее, туку покажа дека умее и нешто ново, досега непознато – да „танцува со трепките“.
Нејзините објави секогаш имаат продолжение, па така беше и овој пат. Сара сподели уште едно интересно и забавно видео, па сега продолжи со „Танцот на локните“.
– Богами што убаво сум се средила – се пофали пејачката.
Но, подоцна повторно потврди дека дефинитивно си ја сака работата и ужива во тоа што го прави а тоа е да биде „Харфист“.
Сара уште еднаш покажа колку ужива во својата работа, но овој пат во онаа вистинската што ја има, и колку е опуштена. Со забавните видеа кои ги сподели успеа да ги насмее сите и да го разигра денот и на своите обожаватели.
А, нејзината искреност и позитивна енергија низ секој гест покажува дека музиката и сцената не и се само професија, туку и вистинска страст.
Foto: printscreen/instgaram/sarahmace__




