Ќерката на Наташа Беквалац и Данило Дача Икодиновиќ, Хана Икодиновиќ, започна ново поглавје во својот живот со преселбата во Шпанија, каде што ќе го продолжи своето образование.
Наташа отпатува со својата ќерка за да ѝ помогне да се смести во нов дом, а потоа сподели емотивно видео од нивната разделба.

– Летај, сакај, заштити ги луѓето, дружи се, биди слободна, биди добра, смеј се, прави грешки, паѓај, стани, биди среќна, радосна, живеј го својот живот. Се грижам за тебе и те сакам безусловно, мајчина љубов – напиша пејачката во порака упатена до Хана.
Недолго потоа, Наташа објави и видео на кое тропа на вратата на Хана, додека нејзината ќерка изненадено ја отвора.

– Здраво, повторно дојдов да се збогувам – рече Наташа на работ на солзи, цврсто прегрнувајќи ја својата сакана.
фото:Instagram printscreen/bekvalceva




