Радио Милева Се бореше со тешка болест

Тажна вест ја потресе естрадата: Почина легендарната манекенка со холивудска слава, пронајдена без свест во својот дом

Тажна вест ја потресе естрадата: Почина легендарната манекенка со холивудска слава, пронајдена без свест во својот дом

Регионалниот моден и шоубизнис свет утринава е завиткан во црно по трагичната вест за смртта на Слаѓана Тесла(53), една од најпознатите и најуспешни српски манекенки кои остварија блескава светска кариера.

Поранешната модна икона беше пронајдена без знаци на живот во нејзиниот стан во Нов Белград.

Иако нејзиниот живот на почетокот изгледаше како вистинска бајка исполнета со гламур, луксуз и ревии за најголемите светски модни брендови, нејзините последни години зад затворени врати биле вистинска борба со тешки здравствени проблеми, откако претходно преживеала и мозочен удар.

Нејзиното семејство со огромна тага ги соопшти деталите за погребот кој ќе се одржи во Белград, а колегите се простуваат од нејзиниот безвременски лик.

фото:Facebook/Sladjana Tesla

To top