Некогашната македонска ријалити учесничка Елеонора Кочовска, екс -Миљковиќ денес е далеку од релните шоуа.

Длабоко навлезена во реалниот живот, особено откако се омажи и го смени презимето, ја смени и професијата, па по ријалити излетот и водителските обиди во соседството, сега моделингот, инфлуенсерството и рекламирањето и се главна професија.

Она што расната Нора го рекламира е тесно поврзано со нејзиниот изглед. Телесниот раскош на скопската убавица и понатаму е „вистинска лудница“, па токму затоа таа и најчесто го рекламира она што најпривлечно и највозбудливо на неа изгледа. Долна облека, гаќички и градници од проѕирна тантела, свилени чорапи, жартиери, секси костимите за капење, танга бикини… во кои се прелеваат нејзините извајани облини, се најчесто нештата што Елеонора ја красат на возбудливите рекламните објави на социјалните мрежи.

Обично летната сезоната Елеонора со бикини објави ја отвораше пред сите, пред летото уште и да започне, но овој пат се решила исклучокот да го потврди старото правило, па скопската екс ријалити убавица да го затвори летото со специјална колекција костими за капање.

Фирма во која ова лето беа (с)облечени најпознатите српски ријалити убавици…
View this post on Instagram
Од Александра Суботиќ и мајка и Љуба Пантовиќ, преку Анели Ахмиќ, Паула Хублин, па се’ до Анѓела Ѓуричиќ, Маја Маринковиќ и Тара Симов…

Буквално цела „Елита“ од најпознатите старлети во „жешки бикини“ и едноделни костими за капење во кои изгледаат повеќе од возбудливо, пожелно, секси…Која змија која ѕверка!
View this post on Instagram
Но, Елеонора Кочовска не е само една од нив, туку многу повеќе од тоа!

Зашто нашата некогашна ријалити ѕвезда со бразилски пропорции во бразилски танга бикини изгледа толку привлечно на секоја поза, што не само српските старлети кои се во мода, туку и Бразилките можат „да и носат вода“!
Впрочем, отсекогаш била „секси ѕверка“ чии атрибути биле по светска мерка, токму онакви какви, што последниве години се најпосакувани.

Привлечна и пожелна со изглед и телесни пропорции кои ги надминуваат просечните граници, расна и бујна со облини кои во вакви бикини доминираат во прв план, небаре е една од семејството Кардашијан.

А и мотото на оваа колекција е мошне интересно, па вели: „Каков ти е пленот, таква си и ѕверка“! И тоа испишано на бикинито како мото кое е свето и тоа не само за ова лето.

Каква е „ѕверката“ покажува она што е сместено во колекцијата…

Каде „лежи ѕверот“, пишува на гаќичките од бикините, во чии прегратки на крајот од денот завршува и „пленот“!

Фото и видео: Инстаграм/cocolo_love/__elle.m__







