Радио Милева гостин-водител

(Не)присуството на Огњен Амиџиќ ги остави во шок гледачите на новата сезона на „Амиџи шоу“

(Не)присуството на Огњен Амиџиќ ги остави во шок гледачите на новата сезона на „Амиџи шоу“

Осумнаесеттата сезона од популарното шоу „Амиџи шоу“, кое се емитува на Пинк ТВ, започна синоќа.

Веќе во првата емисија, гледачите беа шокирани кога на малите екрани наместо Огњен Амиџиќ во улога на водител се појави актерот Раде Ќосиќ.

Со насмевка на лицето, Ќосиќ им посака на публиката добра вечер, по што откри што се случува со Амиџиќ.

– Добра вечер, драги гледачи. Не знам дали сте слушнале или виделе некаде на социјалните мрежи дека Огњен Амиџиќ не е со нас тука од некоја причина. Сега има повеќе обврски поради „Ѕвездите на Пинк“, а во меѓувреме се договоривме дека од овој момент ќе го заменам јас. Сместете се удобно, не грижете се за ништо. Како што реков, Огњен Амиџиќ нема да го води ова шоу – рече тој, по што сите во студиото прснаа во смеа.

Актерот ја загреа атмосферата во студиото со својот говор, по што ги претстави гостите, Дарко Лазиќ, Катарина Лазиќ, Јована Типсин и Бојана Лазиќ.

Во еден момент, Огњен влезе во студиото и му нареди на актерот да ги врати хартиите и да стане од неговото место, додека Раде збунето одговори:

– Да, јас сум гостин.

фото:Printscreen/Amidzi show/Pink TV

To top