Радио Милева истакнат шлиц

Анџелина Џоли одзема здив со уште еден одличен стајлинг – Сите зборуваат за нејзината поза

Анџелина Џоли одзема здив со уште еден одличен стајлинг – Сите зборуваат за нејзината поза

Анџелина Џоли привлече огромно внимание на TIFF, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто, со нејзината беспрекорна минималистичка модна комбинација, целосно во нејзин стил.

На премиерата на филмот „Кутур“, одржана во рамките на тој фестивал, Анџелина Џоли одржа уште една лекција по стил.

Таа избра дворедно долг кафеав капут од познатата дизајнерка Габриела Херст и го стилизираше како фустан – без слоеви облека под него – што се покажа како фантастичен потег.

Кафеавата, хит нијанса ѝ стоеше совршено, истакнувајќи го нејзиниот светол тен и посветли прамени.

Елегантниот капут беше откопчан за да се создаде истакнат шлиц, а Џоли ја пресоздаде својата позната поза од Оскарите во 2012 година, кога стана вирален хит.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Love, Angie! (@jl.angie.aj)

Таа го искомбинира шик парчето со елегантни црни чевли со зашилени врвови, нагласувајќи го впечатокот за едноставна, но драматична елеганција.

Така, Анџелина уште еднаш успешно докажа дека ненаметливата елеганција совршено ѝ стои.

Нејзиниот моден избор на црвениот тепих беше оценет како еден од најимпресивните моменти на овогодинешниот TIFF, а таа уште еднаш ја потврди својата репутација како модна икона која успева да ги модернизира и реинтерпретира своите најпознати стилски потписи на свеж начин. Понекогаш „помалку е повеќе“ е навистина доволно за впечаток, а изгледот на Анџелина е одличен пример за таков моден пристап.

Foto: print Screen/Instagram/angelinajolie.gold

To top