Радио Милева без налепници

Наследничката на Здравко Чолиќ јавно го покажа дечкото

Наследничката на Здравко Чолиќ јавно го покажа дечкото

Уна Чолиќ е во врска со партнер кој е 10 години постар од неа, кого досега го криеше од јавноста. Постарата ќерка на Чолиќ го покриваше лицето на својот партнер на слики, а сега конечно реши да им го покаже на сите.

Таа објави фотографии од нив како се бакнуваат, уживаат во храната и го покажуваат својот луксузен смештај во Шпанија каде што моментално престојуваат. На една фотографија се гледа букет што ѝ го подарил нејзиниот постар партнер, а во кадарот се и нејзините нозе.

Здравко, да потсетиме, неодамна не штедеше пари за летниот одмор на своето семејство, а сакал да му обезбеди и на својот иден зет, момчето на Уна, целосен комфор, па затоа избрал петѕвезден хотел каде што ноќевањето чини речиси 400 евра. Чолиќ потрошил речиси 20.000 евра само за сместување во Хрватска. Сепак, тоа не е сè. Неговите наследници се навикнати на чист луксуз – јадат само најскапа храна, одат на приватни плажи, ги користат сите третмани што ги нуди хотелот, па Здравко наводно „потрошил“ уште 15.000 евра за тоа.

Инаку, Чола, покрај Уна ја има и ќерката, Лара.

Foto: print Screen/Instagram/

To top