Дијана Дурлевиќ македонската (т)рап артистка попозната како Дијана Оу Џи која на пошироката јавост во регионот и стана позната и по учеството во реалното шоу „Задруга“, по девет месеци минати зад решетки што во соседна Србија, што во Шутка беше пуштена дома, но сепак мораше да остане во куќен притвор.

Само дома си е дома, ама кога не смееш нит да мрднеш од дома не е баш пријатно, уште помалку лесно. Океј, не е како во Идризово или Шутка, ама сепак 24/7 сама меѓу четири ѕида како утка е исто така непогода, зашто ништо не е исто како кога имаш апсолутна слобода.
Скопската траперка во меѓувреме ја раскажа својата верзија на приказната во еден поткаст сниман кај неа во домашна атмосфера, јавноста остана одново шокирана по една од последните објави на нејзините Инстаграм приказни.

На видеото можеше да се види како Дијана ја возат во полициско комбе, популарно наречената „Марица“ чии прозорци се затворени решетки, додека во позадина „врти“ песната „Наногица“ од исто така неодамна во Охрид апсениот нејзин српски колега, Раста!

Сето ова ја зголеми драмата околу Дијана, додавајќи нови пикантерии на ионака мистериозната причина занејзината казна, создавајќи простор за нови шпекулации.

Додека едни тврдеа смело дека заради ново кривично дело и „нечисти сметки“ пејачката од домашен притвор повторно ја враќаат зад решетки, други се колнеа дека не е таква работата, туку ова „гратис возење“ било само од дома до судот… И беа потполно во право.

Дилемите и мистеријата околу ненадејниот „организиран транспорт“ ги разреши самата Дијана Оу Џи.

Таа во новообјавено видео ја разобличи целата „лудница“ со тоа што потврди дека полицискиот транспорт бил само до судница, на ново рочиште, во кое судот за неа донесе пресуда… Не е конечна, ама за неа е повеќе од поволна, по што и самата Дијана покажа колку е задоволна, откако судот и го укина куќниот притвор. Дијана Оу Џи сега е фри?!

Сега пејачката ќе може слободно да се шета и по улица, само не дознавме со или без „наногица“?
Фото и видео: Јутјуб/Инстаграм/iamdijana.og





