Миа Борисављевиќ не планира да ги отстрани имплантите за гради, иако тоа сега стана тренд.
Пејачката нагласува дека нејзините гради изгледаат природно и дека нема намера да ги отстранува силиконските импланти, иако ова сега стана тренд кај нејзините колешки.

Пред дваесет години, Миа Борисављевиќ одлучила да вгради силиконски импланти и како што самата истакнува, никогаш не се покајала за таа одлука.
– Видов дека сите сега ги вадат силиконските импланти, некои од здравствени причини, а некои поради моменталниот тренд. Ги зголемив градите пред 20 години и сè уште не треба да се поправаат, бидејќи до ден-денес не се помрднале. Мило ми е што трендот се промени и што огромните импланти што стојат „над главата“ повеќе не се популарни, како и преголемите усни, што ги имаа сите жени порано – признава Миа Борисављевиќ за Информер, нагласувајќи дека не е една од оние што претерале со големината.

– Младите луѓе треба внимателно да размислат за актуелните трендови кога станува збор за естетската медицина. Тие треба да разберат дека ако промените нешто кај себе и подоцна зажалите, не секогаш ќе можете да се вратите на старите времиња.

А, како што кажала таа, многу жени посегнуваат по пластична хирургија и го занемаруваат здравиот начин на живот и вежбањето, кои се многу поважни од силиконот, хијалуронот и ботоксот.
фото: printscreen/instgaram/miaborisavljevic







