Откако се омажи за екс- сопругот на пејачката Тамара Тодевска, а му роди и дете, поранешната кошаркарка и сегашен фитнес тренер, а по ново и тазе инфлуенсерка, Едина Муса, стана се поактуелна во медиумите.
Муса во текот на целата бременост редовно покажуваше дека е активна трудница, всушност ултра активна во теретана со редуцирани вежби складни за трудници и го одржуваше телото во форма.

Максим пркна, веќе ги доби и првите запчиња за кои мама како што е ред симболично обележа со колачиња, а ова ќе им биде и првото заедничко лето.

Додуша, иако можеби не стигнаа до некоја подалечна дестинција, барем засега, мама со фотка од покрај базен во Маврово, (с)облечена во бикини со животински принт, максимално ја истакнаа нејзината совршена форма од постпартум периодот.

Мајките многу добро знаат дека телото, особено во пределот кај стомакот малку потешко се враќа како пред бременоста, а ова е еден добар пример дека вежбањето и тоа како се враќа во полн ефект.
Здраво тело, здрав дух еднакво на среќна и згодна мама.
фото: Instagram printscreen/edina_musa




