Фановите на српската пејачка Милица Тодоровиќ особено се израдуваа на веста дека таа е во блажена состојба. Информација која таа ја потврди за српските медиуми беше радост на многумина, особено своја.
На убавата вест не остана имуна ниту нејзината пријателка и колешка од Македонија, Клиопи.

Деновиве тазе трудницата ја објави и првата фотографија откако откри дека е бремена, а коментарите на бројните следбеници се редеа до недоглед.
Прва со реакција беше токму нашата Опи која и постави неколку емотикони со очи во вид на срце.


Убавите кадри од новопечената трудница веројатно допрва ќе ги гледаме, а засега не е познато кој е таткото на бебето.
Милица своевремено немаше среќа во љубовните врски кои секогаш завршуваа помпезно низ медиумите, но овој пат најважното доаѓа бурно, но сосема тивко.

За потсетување, Калиопи и Милица секогаш ја користат секоја прилика да се видат кога се во близина, независно дали Скопје или Белград.
Една таква нивна средба од пред 4 години остана запаметена во јавноста кога Милица дојде да и пее на Калиопи под тераса, а тоа изгледаше вака:
View this post on Instagram
фото:Instagram printscreen/kaliopi_official







