Радио Милева блеска

Милица Тодоровиќ е прекрасна трудница – пејачката со години чекаше на овие денови

Милица Тодоровиќ е прекрасна трудница – пејачката со години чекаше на овие денови

Милица Тодоровиќ на својот Инстаграм профил ја сподели првата фотографија откако откри дека е во друга состојба.

Имено, пред некое време пејачката ја израдува јавноста со информацијата дека очекува бебе.
Иако од тогаш не објавувила фотографии, сега сподели слика за која нејзините следбеници и колеги не го криеја своето воодушевување.

На фотографијата, пејачката блеска во елегантен црн фустан, со препознатлива насмевка што ја открива нејзината среќа и исполнетост.

Само неколку часа по објавувањето на фотографијата, објавата на Милица собра многу коментари и реакции.

Нејзините колеги и пријатели беа меѓу првите оставајќи емотикони во форма на срца и пораки за поддршка. Славица Чуктераш, Јелена Броќиќ, Газда Паја и нашата Калиопи – беа само дел од колегите кои коментираа на нејзината фотографија.

Честитки и добри желби пристигнуваат од сите страни, а фановите велат дека едвај чекаат да ја видат Милица во улога на мајка.

фото:Instagram printscreen/milicatodorovicofficial

To top