Македонската ТВ водителка Снеже Велков реши да побегне од секојдневните обврски да паузира од снимањето емисии и да ги замени со плажата, сонцето и погледот кон морскиот хоризонт.
Водителката, секогаш досетлива и креативна, направи интересни видеа за својот Инстагарам профил, се огласи оттаму и го привлече вниманието на многумина.
Па така, особено впечатлива беше сцената на празната плажа.
Со свесност за важноста на одморот и релаксацијата и во викенд, Снеже смисли начин како да ја добие плажата само за себе без многу гужва. Таа одлучила да стане рано наутро бидејќи тоа и се виде како идеална можност за вистински да се предаде на одморот.
– Кој рано рани, плажата е само негова – искрено и задоволно напиша таа во описот.

Снеже, сепак не е типичен плажар, таа неуморно ја следи својата посветеност на здравиот начин на живот дури и кога е на одмор.
Таа сега имаше прилика да ги демонстрира вежбите кои ги практикува дома, исто качена на душек но, овој пат во морето. Така, со нескриена енергија таа покажа дека активноста и уживањето можат да одат рака под рака.

За малку ќе паднеше, но тоа воопшто не ја сопре, напротив се пошегува на своја сметка. Па напиша:
– Понеделник: И да погинеш колку можеш ќе се спасиш.

Се разбира максималната среќа и вистинскиот одмор се постигнуваат кога сме активни и ги негуваме своите навики. А за Снеже летото не е само за пасивно лежење, туку за баланс помеѓу движењето и мирот, помеѓу природата и личното уживање. Таа е вистински пример дека и релаксацијата може да биде инспиративна и полна со енергија.
Foto:printscreen/instgaram/velkovsneze




