ТВ водителката Милена Антовска Станковска препознатлива по своите долги нозе и храбриот стил на облекување повторно го привлече вниманието на своите следбеници со ново издание кое ја истакна нејзината заводлива страна.
Пред камерата таа се појави во едно впечатливо издание – испружена и релаксирана на фотолјата во студиото, во прекраток фустан со машна на средина, што веднаш го привлече погледот на сите.

Со овој краток фустан, а сепак ефектен стајлинг таа покажа уште еднаш дека обожава да ги истакнува своите нозе, а со тоа го постигна и ефектот што го посакуваше. Покрај фотографиите кратко напиша: „Од друга перспектива“ – со што само ја надополни мистеријата и привлечноста на нејзиниот поглед кон себе.

Неодамна, Милена уживаше во семеен одмор на живописниот остров Тасос, од каде испрати топол поздрав до своите фанови.

Испружена на лежалка, таа ги откри и деталите околу изборот на свои омилени бикини за ова лето, што само уште повеќе ги воодушеви нејзините следбеници. А со вакви смели и стилски потези, таа продолжува да биде една од препознатливите личности во јавниот живот.

Foto: printscreen/instgaram/milena_antovska







