Промотер

Јордан Митев во духот на староградската чалгаџиска традиција македонскиот бисер „Охрид“ го опеа (ВИДЕО)

Јордан Митев во духот на староградската чалгаџиска традиција македонскиот бисер  „Охрид“ го опеа (ВИДЕО)

Популарниот македонски фолк пејач Јордан Митев, како еден од најконзистентните и најпродуктивни изведувачи на домашната сцена, најави ново музичко издание кое беше објавено деновиве.

 

Преку објава на своите официјални профили социјални мрежи, Митев потврди дека  публиката  има можност да ужива во нова песна проследена со видеоспот, која е посветена на македонскиот туристички бисер, а насловот на истата го носи и неговото име – „Охрид“.

 

„Почитувани, со мало задоцнување поради обврските кои ги имам во текот на овој летен период, со задоволство ви ја претставувам мојата нова песна која ја посветувам на нашиот македонски бисер, Охрид. Се надевам дека уживате во песната и видеото. Поздрав до сите каде и да сте!“ – напишал во обајавата со која ја промовира песната фолкерот.

Инаку „Охрид“ е песна создадена во духот на староградската чалгаџиска новосоздадена песна, отсвирена со чалгаџиски инструменти, нешто што денес се’ помалку се негува.

Како и најчесто досега, комплетен автор на песната ( музика, аранжман, текст) е самиот пејач, кој ја направил и продукцијата, додека тон мајстор на снимањето бил Љупчо Павловски во чие студио „Анастасија“ истата е снимена.

Видеото кое изобилува со прекрасни кадри од волшебниот Охрид, но и мотиви од некогашното страоградско живеење,  технички го реализирал „Зати“, додека самиот Јордан Митев ги потпишува сценариото и режијата на спотот.

Како сето тоа аудиовизуелно спакувано изгледа во чалгаџиско-староградската музичка беседа на Јордан Митев за „Охрид“, проследете од видото во продолжение…

To top