Радио Милева „прва љубов“

Единствената жена што го напушти Леонардо ди Каприо: Беше со него додека го снимаше „Титаник“, а потоа најде помлад маж

Единствената жена што го напушти Леонардо ди Каприо: Беше со него додека го снимаше „Титаник“, а потоа најде помлад маж

Леонардо Дикаприо е еден од најдобрите актери на нашата генерација и добитник на Оскар кој има репутација дека ги остава девојките штом ќе наполнат 25 години. Сепак, Кристен е единствената што го остави – и тоа по нејзиниот 25-ти роденден.

Кариерата на Леонардо ди Каприо започна кога имал десет години. Прво во реклами, а потоа и на големото платно. Едно е сигурно, откако зачекори во светот на филмот, вниманието на целиот свет е насочено кон него, особено по неговите повеќе од успешни соработки со режисери како Мартин Скорсезе или Квентин Тарантино.

Овој пат, вниманието на јавноста не е насочено кон работите што ни ги донесе на сите нас на големото платно, туку кон неговиот приватен живот. Тој бил со некои од најубавите жени во светот, а неговите познати освојувања на модели „под 25 години“ веќе се легендарни. Меѓутоа, кога пред неколку години ја раскина долгогодишната врска со посвоената ќерка на Ал Пачино, моделот и актерка Камила Мороне, неговата „прва љубов“, Кристен Зенг, истапи и застана во негова одбрана.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Camila Morrone (@camilamorrone)


Во писмо до списанието „Пипл“, таа го бранеше своето поранешно момче Леонардо ди Каприо, поради насловите што се појавија во медиумите, а кои најчесто гласеа – „Ја напушти Камила откако наполни 25 години“.

– Нејзиното писмо гласеше:

„Јас сум многу повлечена личност, токму како и мојот поранешен дечко. Но оваа недела, првпат почувствував потреба да споделам неколку работи. Јас и Лео бевме во врска четири години. Го запознав случајно преку пријател кога имав 19 години, а почнавме да се забавуваме кога двајцата имавме 21 година.“

@avqrycc #KLEO || they are my romeo and juliet 🤗 ib: @scarletsxvoid #leonardodicaprio #katewinslet #kristenzang #bridgethall #clairedanes #pleasenoflop #noflop #kleo #capcut #jackdawson #rosedawson #titanic #iloveyoutiktok #dawcprio ♬ original sound – &lt3

– Тоа беше поинакво време. Можевме да излегуваме и да не нѐ следат папараци. Беше 1995 година и тој снимаше филм насловен „Марвинова соба“. Јас јасно се сеќавам како го посетував на сетот и како го следев изрекувањето на пресудата на О.Ј. Симпсон во приколката со Мерил Стрип. Тој момент беше надреален за една девојка од село во Мичиген, како мене. Бевме деца. Моите пријатели ги познаваа неговите пријатели, а Холивуд тогаш изгледаше како големо средно училиште. Беше тоа, се осмелувам да кажам, невино време.  Одевме во забавни паркови, на концерти, во музеи и кино. Бев со него додека снимаше „Ромео и Јулија“, „Титаник“ и „Плажа“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Old Loves (@_oldloves_)

– Го посетував Лео по неколку месеци на различни снимања во разни земји. Јас ги сакав неговите пријатели, а тој ги сакаше моите. Бевме како една голема, среќна фамилија. Лео беше многу внимателен и нежно момче. Имавме и тешки моменти, како сите парови, и прекинавме кратко во 1997, па се помиривме. А потоа, отприлика четири месеци по мојот 25-ти роденден (знам што мислите), беше засекогаш готово. Тоа беше моја одлука. Не знам како точно да го објаснам тоа, едноставно почувствував дека е време да завршиме. Како да ја надминав таа верзија од себеси – девојката од холивудското средно училиште. Сакав да откријам која сум и што навистина сакам.”

фото: Printscreen/instgaram/_oldloves_/leonardodicaprio

 

To top