Роденден… Денот што го чекаме цела година… Така барем повеќето од нас го доживуваат. Но, не сите или не барем секогаш… Има некои родендени во кои емоциите се измешани, кои се поважни од другите зашто Бог се изборил со судбината и ни подарил втор живот, но истата таа судбина за жал ги стигнала некои од нашите најблиски, најверни, најсакани… Тогаш е тешко да се радуваш со полно срце на денот, а од друга страна датумот е тој… Токму затоа, веројатно и чувствата се измешани, некако поделени, недефинирани…

На Владимир Блажев или Панчо – ДНК денес му е роденден… 46-тиот. Прв по големата трагедија што ги задеси него и членовите на неговиот бенд, како и многу присутни таа кобна ноќ во клубот „Пулс“ во Кочани. А и прв во „вториот живот“ ако така може да се каже, како еден од тројцата преживеани од групата по мартовската катастрофа и пеколот низ кој мина.

Последните информации за неговата здравствена состојба кои деновиве на еден поткаст ги сподели Миа Костова се дека познатиот ДЈ и ар-ен-би артист е горе-долу добро. Барем физички… Изгорениците закрепнуваат иако се’ уште не се до крај санирани, а со неговото ментално здравје се работи… Состојбата и на тој план напредува и се подобрува, иако ќе треба уште време… Душевните рани тешко зараснуваат, некои никогаш до крај.

Роденденот на Панчо први јавно му го честитаа од најгледаниот естраден ТВ магазин „Бекстејџ“.
Среќен роденден, Панчо!
Недостигаат твоите идеи што само тебе ти текнуваат и тоа чувство дека со тебе секогаш сè е можно, но најмногу недостигаш ти!
Знаеме дека си борец. Знаеме дека ќе ја победиш и оваа битка. И кога ќе се вратиш, ќе славиме двапати посилно. За тебе. За животот. За музиката што ја создаваш и луѓето што ги менуваш со неа.
Те сакаме бескрајно и те чекаме со отворено срце.
Твоите луѓе. Твоето Бекстејџ семејство“ – споделиле од редакцијата.
View this post on Instagram
Роденденска честитка, веројатно со „измешани емоции“… Како и кај многумина други. Од една страна срцето посакува искрено да ја истурите сета радост, среќни што по кобната ноќ се’ уште можете и лично да му го честитате денот на кој е роден, од друга страна пак тежината на трагедијата е се’ уште толку свежа што притиска како планина и не и дава на среќата да ја покаже својата насмевка. Едноставно, тешко објасниво со зборови… Момент во кој ќе се соочите со… „измешани емоции“!

Како и да е… „Панчо другарче, ти посакуваме најмногу здравје, најбрзо од се’ целосно да закрепнеш, повторно да бидеш оној стариот, полн со живот, енергија, ентузијазам, креција… Онаков каков што те знаеме и ние одблизу, а и целата јавност!
Ти посакуваме уште многоооооогуууу години да го дочекаш овој ден, твојот ден, твојот роденден. Нека ти е среќен“!
Фото: Фејсбук/Vladimir Blazev /Инстаграм/backstage_macedonia





