Хелена Роза, некогашен македонски модел и естрадна ТВ водителка, која последнава деценија и нешто повеќе живее во Нов Зеланд, е кандидатка на претстојните локални избори во оваа најјужна земја на планетава.

Конкретно, Роза е кандидатка во општината Норт Шор, која е дел од градот Оукленд.

Хелена, која во Македонија покрај тоа што работеше како ТВ-водителка, се појавуваше и во разни други улоги на естрадните случувања, пред десетина години се пресели во Нов Зеланд.

Очигледно дека таму добро се вклопила во општествениот амбиент, па сега решила да влезе во политиката и активно да се ангажира во животот на локалната заедница.

Информацијата за политичкиот ангажман на Хелена многумина во Македонија ги изненади, но дека не се работи за шпекулација, потврди самата таа во видеото објавено на нејзиниот нов службен Инстаграм профил.

Таа ја обзнани јавно својата кандидатура и ги повика сите потенцијални гласачи да ја заследат за да ги дознаат сите информации околу нејзините политички активности и програма и побара од нив поддршка.
Оукленд е голем град и се смета за метропола на Северниот Остров на Нов Зеланд. Има урбано население од околу 1.530.500 жители ( според податоците од јуни 2024 година). Се наоѓа во поширокиот регион на Оукленд, област управувана од Советот на Окленд, која ги вклучува оддалечените рурални области и островите на заливот Хаураки, и која има вкупно население од 1.797.300 жители ( јуни 2024 година). Тој е најнаселениот град во Нов Зеланд и петтиот најголем град во Океанија.

Инаку речиси пред една година, Хелена стана и свекрва откако нејзината ќерка Кјара (од првиот брак со скопскиот адвокат Арбен Гоља), се омажи за својот сакан, нејзиното долгогодишно момче Стефан и стана госпоѓа Пауни.
Како и да е и посакуваме многу среќа и успех во политичките води, па кој знае… Можеби еден ден и градоначалничка на Оукленд, а зошто да не и повеќе од тоа?!
Фото: Инстаграм/kjaragolja/helena.roza/helenaroza.act







