Секое лето, кко по правило, Даниел Кајмакоски со неговата втора сопруга Марина и сега двете дечиња Стефан и Емилија доаѓаат на одмор во Македонија. Родната Струга на пејачот е нивното прибежиште, зашто само едно место на светот се вика роден дом, а и… „Како Струга нема друга“, нели?

Неретко, време за фамилијарно собирање наоѓа и речиси целото семејство, па така на Даниел и фамилијата знаат да им се придружат и родителите на пејачот Павле и Ружа, кои се’ уште се на гурбет, односно со децении живеат и работат во Австрија.

Како што самиот Кајмакоски знае да каже: „Како Струга нема друга, ама без Вевчани ништо не правиме“… Зашто познатото струшко „село – држава“ Вевчани му е една од неговите омилени дестинации кога ќе се врати во родниот крај.


Прекрасната чиста природа, бескрајните прошетки низ шумските убавини, бистрата водата што извира од изворите и тече сред село, мирот, тишината, спокојот и гастрономската понуда се магијата која го опива секого па и него…

Затоа можеби тука најмногу ужива момчето со Х-фактор од белградското кабаре „Ла Фајет“ со адреса на живеење во српската престолнина.

Струга си е Струга и навистина како неа ретко има друга, ама сепак… Даниел и семејството секое лето доаѓаат во неговата родна Струга, ама без да посетат едно место во Охрид – не можат! Или не барем тој, зашто местото е повеќе од свето, па пејачот традиционално го посетува веќе преку 30 лета, а тоа е манстирот Свети Наум.


„Преку 30 години го посетувам ова место и сè уште ја имам истата молитва и истата желба како за мене и моите најблиски, така и за сите луѓе на овој свет… Господи, дај ни здравје, мир, љубов и повеќе време со оние кои најмногу ги сакаме… Ви ја праќам сета љубов од ова свето место“ – напишал Даниел во пораката покрај фотографиите со сопругата споделени од Свети Наум.

Фото: Инстаграм/daniel_kajmakoski







