Еден од најомилените спортски парови на деценијата, Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер, официјално го заврши своето љубовно поглавје.
Германските медиуми објавија фотографии на кои поранешниот фудбалер опуштено ужива на плажите во Грција со новата партнерка, бугарската инфлуенсерка и фитнес инструкторка Силва Капитанова.
— Dečak iz kraja (@Virim_iz_coska) July 20, 2025
Фотографиите од нежности на сончевите брегови ја потврдуваат врската која, според извори од медиумите Bild и Bunte, започнала уште додека Швајнштајгер сè уште бил во брак со поранешната српска тенисерка.
Разводот, кој медиумите го опишуваат како „итен и дискретен“, се случил во Швајцарија, без многу јавен циркус, но последиците се почувствуваа во медиумите и кај јавноста.

Ана и Бастијан беа во брак од 2016 година, венчавајќи се романтично во Венеција. Заедно имаат три сина – Лука, Леон и Тео – и низ годините живееја во Чикаго, Белград, Минхен и Мајорка.
фото:instagram printscreen/bastianschweinsteiger





