Доколку сакате освежителни пијалаци кои не содржат голема количина шеќер, тогаш веруваме дека ќе ви се допадне овој рецепт за ладен чај кој се подготвува за многу кратко време.
Друга предност на пијалакот е црниот чај од кој има бројни придобивки за здравјето. Притоа, содржи и кофеин што може да ве расони.
Потребни состојки:
- 120ml сок од слива
- 120ml вода
- 1 кесичка црн чај
- 60ml млеко (може и растително)

Начин на подготовка:
- Во мало тенџере ставете го сокот од сливи и водата и оставете ги да зовријат.
- Потоа, додајте ја кесичката чај и тргнете го тенџерето од оган.
- Оставете ја потопена кесичката околу 5 минути, па отстранете ја.
- Сварениот чај оставете го да се излади (на собна температура или во фрижидер).
- Послужете со мраз и млеко.







