Милијардерот Џеф Безос наводно оставил бакшиш во вредност од 45.000 евра на персоналот на хотелот „Аман“ во Венеција, каде што престојувал за време на неговата свадба со сопругата Лорен Санчез, објави денес Република, повикувајќи се на извори.
Пред да го напушти седумѕвездениот хотел, Џеф Безос им оставил на персоналот бакшиш со натпис „Чао, Венеција“.

Оваа сума не е вклучена во трите милиони евра што сопственикот на Амазон ги донираше на Венеција, каде што се венча и покрај големите протести на граѓаните.

Потсетување, Безос и Санчез се венчаа кон крајот на минатиот месец, што го одбележаа со прослави што траеја неколку дена, на кои присуствуваа над 200 ВИП гости, меѓу кои Леонардо Дикаприо, Орландо Блум, сестрите Кардашијан, Кети Пери, Опра Винфри и многу други.
фото:Instagram printscreen/jeffbezos





