Летото пуштено на најсилно, па естрадата освен задолжителните ноќни или какви веќе и да се свирки, останатото време го минува во ладовина. Најчесто покрај вода… Базен, река, езеро, море… Кој што милува, кој во што ужива, кому како му е арно.
Само што младата кумановка Мартија Станојковиќ, за разлика од многуте други, во летните задоволства ужива фамилијарно.

Или, поточно само со женската екипа од семејството предводена од мајка Снежана, која деновиве одмара на една грчка плажа… Прекрасната песочна „бич бар“ локација на самиот крај од првиот крак на Халкидики, во познатото грчко летувалиште Паљури.

„Женската банда“ како по обичај весела, расположена, опуштена и раскомотена, го минува денот во темнеење на тенот. До душа сонцето е толку силно овие денови, што неговите „бакнежи“ на подолго време стануваат неиздржливи, па затоа убавата екипа бргу сфати дека попаметно е да се пресели под чадор, под сенка. Но, ако помисливте дека во прашање е пладневна дремка, сте се излажале, зашто ваквите убавици имаат вишок енергија и не им е до спиење, туку повеќе до сликање.

Чисто заради некоја инфлуенс фотографија на социјалните мрежи за да се запази трендот, а и заради создавање убави спомени, што ќе останат за сеќавање во наредните години!
Штом сонцето „олабави“, а жештината малку попушти, почнуваат останатите летни радости. Госпожа мама и понатаму под сенка, ама само до половина. На сонце колку што се може, па затоа најбезбедно е да се сончаат само испружените нозе.

Затоа пак сестрите со поинаков план… Мартија накусо сама да си поигра во песокот шлапкајќи се во плиткото, колку за миг да се потсети на детството…

Или заедно со Лена, додека онака крај брегот си се опуштиле, да прочепкаат по мобилниот, за да видат (не)што (да не) пропуштиле?!

Сепак, она највозбудливото, доаѓа на крајот, како јаготка на шлагот…

Зашто она што Мартија го може, веројатно ниту една друга наша пејачка не само што не го може, туку не го ни помислува.

Од возбудливата поза на младата кумановка видот ќе ви се замати, а светот наопаку ќе ви се преврти! Ама тоа е… Женски работи!

Фото: Инстаграм/stanojkovicsnezana70/martijastanojkovic







