Радио Милева шесто сетило?

Претчувство и претскажување: Пред и да помисли дека ќе триумфира, новинарката на Гранд зад сцената Никола Станишиќ на шега го прогласи за победник и му ја врачи статуетката за да види како ќе реагира?

Претчувство и претскажување: Пред  и да помисли дека ќе триумфира, новинарката на Гранд зад сцената Никола Станишиќ на шега го прогласи за победник и му ја врачи статуетката за да види како ќе реагира?

Во финалето на „Ѕвездите нa Гранд“, скопјанецот Никола Станишиќ триумфираше и ја освои ласкавата титула победник на 18-та сезона, но никој освен тимот на Гранд не знае што се случувало зад сцената во таа спектакуларна ноќ.

Пред и да помисли дека ќе победи, новинарката на Гранд се пошегувала со Никола и му ја предала наградата, сакајќи да види како ќе реагира ако статуетката заврши во неговите раце.

„Признај што ми кажа зад сцената пред малку“ – го праша новинаркатата, која како да му ја претскажа победата, а Никола и возврати  со насмевка:

„Па, реков дека вечерва ќе ја освојам, дека победата ќе биде моја. Македонија, Македонија!“ – со победничко претчуство, како да има шесто сетило изјави Никола, кој  веднаш потоа позираше со наградата и откри која девојка би била најсреќна ако ја однесе статуетката во Македонија.

„Ги има повеќе“ –  коментираше низ смеа пејачот.  Анѓела Арман ќе биде првата што ќе се радува затоа што е тука близу, до мене“ – се пошегува Никола.

Кога го прашаа  ако ја освои статуетката, потоа ќе може да ја освои и секоја девојка, Станишиќ со шармантна насмевка на усните одговори:

„Полесно ми е да освојувам девојки од ова“.

Потоа во свој стил, Никола се пошегува и со колешката Ања Михајловиќ на која тој во бекстејџот ѝ ја предаде статуетката пред камерите на Гранд и предизвика лавина од смеа зад сцената.

„Победникот за 2030 година е Ања Бла“ – гласно кажа пејачот, асоцирајќи на познатата белградска убавица, некогашната девојка на јутјуберот Бака Прасе, на што сите гласно се изнасмејаа.

За среќа, сета оваа шеговите забава зад сцената подоцна се претвори во реалност на сцената, откако нашиот Никола Станишиќ навистина триумфираше и ја освои победничката статуетка во „Ѕвездите на Гранд“ за сезоната 2024/2025.

Фото: Принтскрин видео/grand.online

To top