Секое лето месец јули е особено тажен и преплавен со емоции и спомени за семејството Стојановски – трите актерки Силвија, Јана и Ана.
Навршија 27 години откако останаа без нивниот сопруг и татко, истакнатиот актер Ненад Стојановски.

Јана преку својот Инстаграм сподели негова фотографија која ја дополни со емотивна објава во која раскажа еден спомен за кој вели:
-Позади Ана и мама… ти и ја напред у кола… пука „Бијело дугме“ на касета… идеме за Белград… никој се уште не те надмина само да знаеш… Фали ти што правиш да е лесно никогаш да не заборавам која сум и од кај доаѓам…27

За потсетување, Ненад Стојановски почина ненадејно на 45-годишна возраст на 14 јули 1998 година во Скопје.

Тој беше познат театарски, филмски и телевизиски актер кој зад себе остави бројни улоги по кои остана запеметен како: @Опстанок# ТВ-серија, „Трст виа Скопје“, „Тврдокорни“, „Бушава азбука“ и многу други…
фото:instagram printscreen/jana_sto_ja_nov_ska







