Радио Милева желна за... игра

Ноне ја има Луси: Кучката на најшетаната велешанка е мераклика на мали кучиња и големи топчиња (ВИДЕО)

Ноне ја има Луси: Кучката на најшетаната велешанка е мераклика на мали кучиња и големи топчиња (ВИДЕО)

Ноне Неделковска одново се врати дома во родниот Велес. На привремен, кус одмор или подолга пауза, кој да знае? Се додека не добие нов повик за работа на големите прекуокеански крузери, со кои по големите  светските мориња и океани крстари последниве десет години, во родниот град ќе си седи.

А со секое ново  доаѓање дома, покрај најблиските, најмногу умеат да и се израдуваат и домашните миленици. Меѓу сите папагали и мачиња, некако најверна и е нејзината кучка Луси.

Со неа некако најмногу се сакаат, галат и милуваат, а Ноне кога е дома е таа и која најмногу и прави друштво и ја шета.

Времето таман разубавено за малку испружени нозе во паркот и потоа разбирливо, заедничка прошетка со својата бела, крзнена, четвороножна, верна другарка.

Ама Луси има една чудна навика, или карактерна карактеристика, па штом излезе надвор од дворот, веднаш покажува дека е голема е љубовџика.

Некој ќе рече дека кучињата со текот на времето заличуваат на газдите и во ликот и во однесувањето, ама за Луси со сигурност не можеме да потврдиме дека наликува на Ноне, зашто нејзината млада газдарица, сепак има долги отсуства од дома.

Како и да е, штом сретне некој машки припадник на сопствена врста, врската веднаш станува цврста… и тоа на прв поглед! Или на прво душкање!

Особено ако во видокруг имаш возбудлива глетка, како тоа што редовно и се случува на Луси.

Само што овој пат „баткото“ на кој налетаа заедно со својата газдарица среде  бел ден, излезе дека е „баеги надарен“. Тоа дури и Ноне го забележа, па својот восхит гласно и јасно и самата го искажа!

А Луси, штом го „намириса“, никако да се одвои од дарбата со која Бог ја надарил нејзината нова симпатија. Тоа обете бргу го сфатија, а самата Ноне дури својата кучка и писмено ја поддржа со напишан стих: „Кога Господ ти дал топчиња, поиграј си со нив“!

Само што времето е кратко, па она што е слатко, мораше бргу да заврши, односно Луси мораше „баткото“ раат да го остави и со својата газдарица да замине. До следната средба веројатно во мислите ќе и остане само „убавината на топчињата“ и една желба со цел: Како повторно да го сретне нејзиниот случаен кучешки пријател?!

Фото и видео: Инстаграм/nona.nedelkovska

To top