Радио Милева оп, оп!

Шакира опасно се лизна на сцената среде настап, па се обиде да се „извади“ како ништо да не било

Шакира опасно се лизна на сцената среде настап, па се обиде да се „извади“ како ништо да не било

Познатата пејачка Шакира доживеа пех на сцената додека танцуваше, за среќа остана неповредена, стана, се насмевна и продолжи.

На концерт во Монтреал, малата несреќа се случи додека ја изведуваше познатата „Whenever, Wherever“.

Колумбиската музичка ѕвезда моментно е на светската турнеја Las Mujeres Ya No Lloran, на која го промовира својот нов албум.

Нејзиниот професионализам предизвика бран пофалби на социјалните мрежи – многумина ја нарекоа вистински шеф. Некој загрижен напишал: „Се надевам дека не се повредила. Ваквите падови предизвикуваат болка и повреди следниот ден наутро“.

Сепак, обожавателите немаа причина да се грижат – Шакира ја продолжи својата турнеја, без никакви проблеми и одржа концерти во Детроит, Чикаго и во Торонто.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Shakira (@shakira)

48-годишната пејачка во последните недели настапуваше во САД и во Канада

фото/видео:X/Adri Toval/ Instagram printscreen/shakira

To top