Радио Милева татко за пример

Таско знае како: (Т)раперот не е само мајстор за рапување, туку и за воспитување (ВИДЕО)

Таско знае како: (Т)раперот не е само мајстор за рапување, туку и за воспитување (ВИДЕО)

Македонскиот (т)рапер Таско во месец септември 2024-та стана татко по вторпат. Неговата сопруга Наташа (алиас  Таша Реј) се породи во една приватна скопска болница каде на свет пристигна здраво и живо женско бебе кое го доби името Кирјана.

Семејството се прошири за уште еден член, а со тоа се зголемија и семејните обврски, особено оние родителските. Сега мама наместо за фотосесии  едвај има време за себе за едно селфи, а Таско покрај сите други уметничко артистички обврски ја има и онаа најсветата, родителско – воспитната.

А дете како дете, чим „пушти чекор“ и прооди ете ти можност за нова радост, ама и дополнителни неволји. Велат: „Мирно дете и убава баба – ретко се случува“, па така штом малиот Лукијан пркна, некој мора да го пази и постојано да го има „на око“.

Некои родители се жалат дека децата им биле многу динамични, што би рекле хиперактивни, па им е тешко да ги следат и пазат.

„Пушти му цртани, ќе се смири“ или „Остави го да се исплаче, ќе заспие“, „ако не се симнеш од таму ќте скршам од ќотек“  се многу повеќе изговори отколку одговори, па дури и закани,  а не вистински решенија, иако истите несомненио ги применуваат многумина. Но не и (т)раперот, зашто Таско знае како.

Затоа низ видеоклипче споделено на Инстаграм приказните на неговата сопруга практично покажа како му се влева сигурност и самодоверба на сопственото дете уште од мали нозе. За да биде храбар и сигурен во себе уште од пелени, па утре да чекори и на сите полиња да се искачува и напредува одејќи  само нагоре и нагоре во животот… До самиот врв!

Дефинитивно Таско знае како… Зашто (т)раперот не е само мајстор за рапување, туку и за воспитување…

Или поточно и за двете. Како татко кој е пример за сопственото дете!

Фото и видео: Инстаграм/tasha_ray_

 

 

To top